Барселона и Јувентус разменија играчи

Актуелните прваци на Шпанија и Италија, Барселона и Јувентус решија да разменат двајца млади играчи. Талентираниот Алехандро Маркез од Барселона ќе се пресели во Торино, додека во спротивна насока ќе замине Матеус Переира.

Двајцата млади фудбалери се најавуваат како големи таленти, кои сега ќе имаат можност да ги докажат своите квалитети во едни од најголемите клубови во светот.

Оваа соработка на Барселона и Јувентус само ги засили шпекулациите дека во брзо време може да се случи уште една размена во која би учествувале Федерико Бернардески и Иван Ракитиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести