Барселона и ПСЖ го изиграа најголемиот фудбалски „паразит“, нема да добие ниту евро од трансферот на Дембеле

Менаџерот на Осман Дембеле, Муса Сисоко, нема да добие ниту евро од трансферот на неговиот клиент од Барселона во ПСЖ. Парите кои требаше да ги добие најголемиот „паразит“ во фудбалскиот свет, како што го нарекуваат Сисоко, ќе ги добие Барселона, која ќе заработи 35 милиони евра од трансферот на Дембеле.

Фудбалерот за себе ќе задржи 15 милиони евра од вкупната сума која изнесува 50.4 милиони евра.

Менаџерот сега се заканува дека ќе ги тужи екипите и ќе си ги бара парите кои според него му следуваат иако при потпишувањето на договорот, екипите и фудбалерот го заобиколиле Сисоко и го потпишале договорот без негово присуство.

Дембеле по пристигнувањето во Париз, веднаш добил јасна порака од раководството на клубот да си бара нов менаџер бидејќи Сисоко го интересираат само парите кои би ги заработил, но не и доброто на неговите клиенти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести