Барселона и ПСЖ во борба за потписот на капитенот на Манчестер сити

По завршување на финалето во Лигата на шампионите, капитенот на Манчестер сити, Илкај Гундоган, ќе биде слободен играч. Германскиот репрезентативец има шанса да си замине од Граѓаните со високо кренат трофеј во елитното натпреварување на УЕФА. Сити никогаш не бил европски првак, што значи дека ова е историска шанса Гундоган да биде запишан како првиот играч на овој клуб што го подигнал вредниот пехар.

По финалето во ЛШ, Гундоган ќе може да одбере во кој клуб ќе продолжи, и тоа како слободен играч. Најавите се дека Барселона и Пари Сен Жермен се двата клуба кои сакаат да го видат искусниот фудбалер во своите редови за следната сезона. Гундоган сезонава одигра 50 меча за Сити, во коишто постигна 11 гола, а имаше и седум асистенции.

Тој беше стрелец на двата гола во финалето од ФА купот, кога Сити со 2:1 го победи градскиот ривал Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести