Барселона и во кошарка научи како да го победува Реал

Барселона го победи Реал Мадрид со 77-70 во евролигашкото „Ел класико“, правејќи му ќеиф на легендата Хуан Карлос Наваро, чиј дрес со бројот 11 беше повлечен од страна на каталонскиот гигант. Наваро е прв стрелец во историјата на Евролигата и речиси целата клупска кариера ја мина во дресот на Барса.

 

Неодамна, Барселона на контроверзен начин го победи Реал во финалето на Купот, но овојпат победата беше чиста. Барса дома има три победи по ред во дуелите со најлутиот спортски ривал, но кога станува збор за дуелите во Евролигата, Барселона на свој терен речиси три години (од март 2016) немаше победа над Реал.

Анте Томиќ со 22 поени и 13 скока беше најкорисен поединец кај Барселона, а Томас Ертел имаше 17 поени и 10 асистенции.

ЦСКА го совлада Олимпијакос со 97-81 и сега „армејците“ се осамени на втората позиција, со еден бод предност во однос на „кралскиот клуб“ од Мадрид, кој истотака веќе има осигурано учество во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести