Барселона има четири порази во пет меча со овој ривал, но чудо ќе биде Каталонките да не ја освојат Лигата на шампионки

Финалето во Лига на шамиони во женска конкуренција се игра попладнево. Стадионот во Ајндховен е домаќин на Барселона и Волфсург, двете екипи кои се во борба за трофејот. Ова ќе биде историско финале, затоа што за прв пат трибините за едно финале во женска конкуренција во ЛШ ќе бидат целосно исполнети.

Според формата и квотите, Барселона е голем фаворит за победа и освојување на трофејот. Каталонскиот гигант сезонава доминира и е бранител на трофејот освоен минатата сезона.

Од друга страна, Волфсбург можеби е единствен клуб во светот кој има толку добар биланс во дуелите против Барселона. Досега овие два клуба играле пет пати, а германскиот тим победил дури четири средби, а каталонците се радувале само еднаш.

Минатата година во полуфиналето од ЛШ, Барселона дома победи со 5:1, а потоа Волфсбург пред своите навивачи се радуваше со 2:0, но тоа не беше доволно за германскиот претставник. Волфсбург ја победувал Барселона и во 2020 (1:0) и два пати во 2014 (2:0 и 3:0).

 

- Оглас -

Најнови вести