Винисиус: „Со овој клуб сум до смрт, ќе се вратиме на врвот!“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по победата од 2-0 над Еспањол со негови два гола од кои вториот мајсторски, на социјалните мрежи порача дека до смрт ќе биде со Реал Мадрид.

„До смрт за Реал Мадрид. Мора да одиме напред! Ќе се вратиме на врвот“, напиша Винисиус.

Интересно е дека Бразилецот своите најдобри партии ги има кога на теренот покрај него го нема Килијан Мбапе. Французинот е повреден и се рехабилитираше со девојката Естер Експосито во Каљари, а во Мадрид се врати вчера, на 10 минути пред почетокот на мечот на Реал со Еспањол. Ова предизвика негодување кај фановите, а и тренерот Алваро Арбелоа индиректно испрати порака до Мбапе.

„Целото планирање за опоравување од повреди е надгледувано од медицинските служби на Реал Мадрид. Тие одлучуваат кога играчите треба да дојдат на тренинг. Секој играч прави што смета за соодветно во своето слободно време и јас не можам да се мешам во тоа“, објасни Арбелоа.

На прашањето дали има разлика во посветеноста помеѓу Винисиус и Мбапе, тој одговори: „Не споредувам играчи. Мислам дека ни требаат сите. Откако сум на оваа позиција, велам дека за да победите, потребна е посветеност од сите играчи“, додаде, а на крај беше искрен и директен. 

На Мбапе кој дава многу голови, но попусто кога тимот не освојува трофеи, и често му се замерува дека не трча и не помага во одбраната.

„Често велам дека ме боли кога гледам дека другите тимови трчаат повеќе од нас. И не само кога ја немаме топката, туку мора да бидеме тим со многу движење и трчање дури и кога ја имаме топката во посед. Не е лесно, бидејќи за да ја примите топката, понекогаш мора да направите десет трчања. Ни треба посветеност од сите играчи во пресингот, одбраната и нападот. Денес, ако сакате да бидете комплетен тим кој е тешко да се победи, само талентот не е доволен. Сакам да видам како играчите разбираат не само дека посветеноста е важна, туку дека е една од основните вредности на Реал Мадрид“, истакна тренерот.

Тој испрати силна порака за вредностите на клубот: „Кога зборуваме за тоа што е Реал Мадрид и како е изграден, не го создадовме тоа што е денес со играчи кои излегуваат на теренот во смокинг, туку со играчи кои го завршуваат натпреварот со дресови натопени во пот, покриени со кал, труд, жртва и упорност.“

 

- Оглас -

Најнови вести