Финансиската криза во која се наоѓа Барселона се уште не е завршена, па „каталонците“ ќе мора да продаваат фудбалери, ако сакаат да ангажираат нови. Раководството на клубот од Каталонија буквално го моли Френки де Јонг да си замине, а екипите кои се заинтересирани може да го купат за само 40 милиони евра, иако тој во 2019-тата беше купен од Ајакс за 86 милиони евра.
Нема сомнеж дека се работи за одличен фудбалер, но проблем е неговата плата, која изнесува 600.000 евра неделно. Сепак, фудбалерот во моментов не е расположен да си замине и не сака токму тој да биде жртва за финансиската состојба во клубот. Раководството размислува да се ослободи и од Рафиња, се со цел да се направи простор за нови фудбалери.
Барселона во моментов не може да ги пријави за настап новите фудбалери, додека не се ослободи од некоја од скапите ѕвезди во екипата.