Барселона ја оствари најубедливата победа во последните пет месеци

Без многу проблеми Барселона пред своите навивачи славеше со 4:0 против Хетафе, во меч од 26 коло на шпанската Примера дивисион. Со оваа победа каталонскиот гигант стигна до 57 бодови и се искачи на второто место на табелата. Тимот на Чави Ернандес сега има 57 бодови, пет помалку од лидерот Реал Мадрид, кој утре на „Сантијаго Бернабеу“ ќе игра против Севилја.

Уште во раната фаза од мечот, Барселона со голот на Рафиња поведе со 1:0 против Хетафе и покажа дека гостите нема што да бараат на овој дуел.

Сите дилеми околу победникот беа решени во првите 15 минути од второто полувреме кога погодуваа Жоао Феликс и Френки де Јонг за убедливи 3:0. Точна на мечот стави Фермин Лопес со погодокот во судиското надополнување за 4:0. Хетафе остана на 34 бодови и веќе петти меч по ред не успева да постигне гол во дуелите со Барселона (повеќе од 520 минути).

За Барселона ова е најубедливата победа сезонава во последните пет месеци. Сезонава поубедливо каталонскиот гигант победи само против Бетис на 16 септември минатата година кога славеше со 5:0 на свој терен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести