Барселона ја посакува една од најголемите трансфер „утки“ на Манчестер јунајтед

Дони ван де Бек никако да се наметне во стартниот тим на Манчестер јунајтед, а англиските медиуми го прогласија и за едно од најголемите трансфер-промашувања во историјата на овој тим.

Холанѓанецот кој блескаше во редовите на Ајакс, минатата година дојде во Манчестер и оттогаш успеа да запише само 20 натпревари, во кои најчесто влегуваше од клупата, а постигна еден гол.

За неговите услуги е заинтересирана Барселона, во која се надеваат дека во јануари ќе успее да го доведат на позајмица, а потоа и да го откупат догворот.

Останува да се види каква ќе биде разрешницата на оваа трансфер-шпекулација, а по сè изгледа главниот збор ќе го има новиот тренер на Барселона, кој најверојатно ќе биде Чави, иако сè уште нема никаква потврда.

 

- Оглас -

Најнови вести