Барселона ќе биде казнета поради Меси

Барселона ќе биде казнета со 3.000 евра од дисциплинскат комисија на Ла Лига поради капитенот Лионел Меси.

Во победата од 4-0, Меси го прослави својот гол така што го соблече дресот и ја истакна униформата на Њуелс олд бојс, неговиот омилен клуб, со бројот 10 на грбот, дрес којшто порано го носеше неговиот идол Диего Марадона.

Имено, според правилникот на Ла Лига, забрането е да се рекламира каков било амблем на клуб или компанија која не е во соработка со лигата. Меси дополнително доби и жолт картон за соблекување на дресот, а вистинска штета е што овој емотивен момент го зацрни едно правило.

- Оглас -

Најнови вести