Гостувањето на Реал Мадрид на „Сан Мамеш“ во 2017 година и посетата од 49 илјади гледачи е рекорд кога се работи за дуели што Атлетик Билбао ги игра на свој терен.
Сега, според најавите и интересот во Билбао, се очекува рекордот на Реал да падне, а веројатно ќе го урне големиот ривал Барселона при гостувањето во недела, во меч од 23-тото коло во Ла Лига.
Домаќините објавија дека билети речиси веќе и нема, а остана мал број за ВИП-ложите, и тоа по цени од 250 до 400 евра.
Тој дуел ќе се игра од 20.45 часот, а интересно е што битката на Реал и Барселона е за рекордот на фудбалски меч. На „Сан Мамеш“ рекордот го држат рагби-тимовите од финалето во 2018 година, кога имаше 52.282 гледачи на трибините на стадионот во Билбао.