Барселона ќе мора да продава фудбалери во јануари, навивачите во неверување кога слушнаа за кого се работи

Раководството на Барселона се наоѓа нов сериозен проблем, со оглед на тоа дека регистрацијата на Дани Олмо завршува зимава и ќе мора да се бара начин како да биде продолжена. Олмо на списокот со регистрирани фудбалери влета откако се повреди дефанзивецот Кристиансен, кој сега се очекува да се врати од повредата.

Една од опциите е да биде продаден токму Данецот, но раководството и стручниот штаб размислуваат и за продажба на одличниот Жил Кунде, фудбалерот кој сезонава има одиграно најмногу минути за Барселона. Ваквата информација предизвика шок и неверување кај навивачите, но Ханси Флик на неговата позиција веќе го пробува Хектор Форт, кој веќе ги забележа првите сениорски настапи за Барселона.

Целта на раководството на Барселона е да му го продаде Кунде на ПСЖ, од каде што се подготвени да платат сума од 100 милиони евра, која одлично ќе им дојде за нови засилувања.

- Оглас -

Најнови вести