Барселона може да добие забрана за настап во Лига на шампиони!

Отворањето на обвинителна постапка против фудбалскиот клуб Барселона од страна на Судот во главниот град на Каталонија, сериозно го доведе во прашање присуството на клубот во европските натпреварувања за следната сезона, пренесува шпанскиот весник Марка.

Барселона е обвинета за корупција, нарушување на довербата и лажни деловни книги, а обвинети се и поранешните функционери на клубот, меѓу кои се и поранешните претседатели, Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел.

Во целиот случај е вмешан и Хозе Марија Енрикез Негреира, кој е поранешен потпретседател на шпанскиот судиски комитет.

Европската фудбалска куќа УЕФА има право да оцени дали некој клуб може да го наруши угледот на некое од нивните натпреварувања, со присуство на еден клуб кој е обвинет за корупција. Членот четири од правилникот за натпреварување не остава простор за сомнеж. Со тој член се брани духот на играта и ферплејот, а Барселона може да го наруши угледот на европската куќа со евентуално учество во нивните натпреварувања.

УЕФА секогаш го задржува правото да не прими клубови дури и тие клубови да имаат обезбедено место во некое натпреварување, што значи дека Барселона е пред сериозна опасност за настап во Лигата на шампиони за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести