Барселона може да здивне – Волшебникот ќе има магија и за Баерн

Лионел Меси ќе биде максимално подготвен за дербито во Лигата на шампионите против Баерн што ќе се игра во петок на 14. август на „Луж“ во Лисабон.

Аргентинецот доби удар во ногата при дуелот со Калиду Кулибали непосредно пред крајот на првото полувреме на дуелот меѓу Барселона и Наполи, потоа беше видливо дека поткривнува, но нема сериозна повреда на левиот скочен зглоб.

Меси ќе мирува ден-два, а медицинскиот тим на Барселона објави дека станува збор само за посилен удар, но за среќа без последици за големиот фудбалски волшебник.

Барселона со победа од 3:1 го елиминира Наполи и се подготвува за големото дерби против Баерн во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Тој меч ќе се игра на „Луж“ стадинот, кој е дом на Бенфика на 14. август од 21 часот, а подобриот од тој дуел ќе игра полуфинале против Манчестер сити, или Лион, што ќе биде последното четвртфинале на 15. август на „Жозе Алвеладе“, домот на Спортинг Лисабон.

 

- Оглас -

Најнови вести