Барселона на плати троши 92 милиони евра повеќе од Реал

Барселона на убедлив начин ја одбрани титулата во шпанското првенство, а каталонскиот гигант сега е фокусиран на трофејот во Купот на Шпанија и пласман во финалето на Лигата на шампиони. Во текот на речиси целото шпанско првенство, Барселона беше лидер, па логично на крајот трофејот повторно заврши на „Камп Ноу“.

Сепак, како што велат во фудбалот, без големи вложувања многу е тешко да се направи голем резултат, тоа се потврдува и во овој случај. По направените пресметки, Барселона троши неверојатни 487 милиони евра на плати на играчите. На второ место на оваа листа е Реал Мадрид со 395 милиони евра, што е дури 92 милиони евра помалку од парите што ги дава каталонскиот гигант.

На третото место на оваа листа е Атлетико Мадрид со 178 милиони евра годишно за плата, а потоа следуваат Севилја со 100 милиони евра, Валенсија 79, Атлетик Билбао 71 и Вилјареал со 65 милиони евра за плати на играчите на годишно ниво.

 

- Оглас -

Најнови вести