Барселона на Рома ѝ ја постави најнеобичната клаузула за еден играч

Карлес Перес пристигна во Рим и го облече дресот на Рома. Крилниот офанзивен играч на „Олимпико“ пристигна од шпанскиот првак Барселона. Перес сезонава одигра само 11 меча за каталонскиот гигант, даде и два гола, но тоа беше премалку за да остане на „Камп ноу“.

Перес во следните шест месеци ќе игра како позајмен играч во Рома, а за тоа калчолигашот плати милион евра. Во јуни Рома ќе мора да го откупи договорот и да доплати уште 11 милиони евра за Перес. Играчот на „Олимпико“ треба да остане до јуни 2024 година.

Зошто Рома мора да го откупи договорот на Перес на крајот од сезоната? Тоа е така затоа што Барселона постави неверојатна клаузула при давање на позајмицата. Во договорот стои дека доколку Рома освои барем еден бод до крајот на сезоната, ќе се активира клаузулата за откупување на договорот. Бидејќи во Италија има да се играат уште многу мечеви, јасно е дека Волчицата ќе освои бод, а со тоа ќе мора да го купи Перес на крајот од сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести