Барселона најави дека ќе се жали за смешната казна

Барселона е казнета со смешни 300 евра казна поради нелегалните преговори со Антоан Гриезман додека тој уште беше играч на Атлетико Мадрид. Шпанската фудбалска федерација оцени дека постоело нелегално договарање на каталонскиот гигант со францускиот репрезентативец, но казната која ја изрече е неверојатно ниска.

Атлетико Мадрид доби 120 милиони евра за продавањето на Гриезман во Барселона, но ја тужеше Барселона и бараше дополнителни 80 милиони евра. Сепак, наместо бараните 80 милиони евра, Атлетико ќе добие само плус 300 евра. Иако се работи за мала сума, од Барселона најавија дека ќе се жалат и за оваа казна, односно дека нема да сакаат да платат ниту едно евро плус од тоа што досега го дадоа за Французинот.

- Оглас -

Најнови вести