Официјално: Неверојатна парична казна за Барселона за тајното договарање со Гриезман

За нелегалните преговори со Антоан Гриезман додека тој уште беше член на Атлетико Мадрид, клубот Барселона е казнет со смешни 300 евра. Оваа казна ја изрече шпанската фудбалска федерација.

Атлетико кој инкасираше 120 милиони евра од трансферот, ја тужеше Барса, најдоа докази дека Французинот преговарал со каталонците додека уште бил под договор со Атлетико, но за овој прекршок, Барселона ќе плати само 300 евра.

„Јорганџиите“ бараа отштета од 80 милиони евра, а потенцијални казни беа привремено затворање на „Камп Ноу“ или забрана за настап на Гриезман, но целата работа се заврши со бизарна парична казна од 300 евра.

- Оглас -

Најнови вести