Барселона налето бесплатно ќе носи фудбалски ѕвезди, меѓу нив треба да е и Меси

Актуелната управа на Барселона поради големите долгови што ги направи претходната година, во претстојниот летен преоден рок планира да ја засили екипата со врвни фудбалери кои на „Камп ноу“ би пристигнале бесплатно, тврди новинарот Жерар Ромеро.

Најзвучно име е тоа на Лионел Меси, кој според каталонскиот новинар, не сака да го продолжи договорот со ПСЖ.

„Лео Меси нема да го продолжи договорот со ПСЖ и негова желба, како и на неговото семејство е да се вратат во Барселона. Меси на своите најблиски пријатели им рекол дека неговите три сина најдобро се чувствуваат во Барселона и дека не го сакаат Париз. Сопругата Антонела исто така е воодушевена од оваа идеја. Но, тоа сепак не значи и дека Меси ќе потпише за Барселона. За да се случи такво нешто, потребно е да се исполнат неколку услови“, изјави Ромеро.

Новинарот потврди дека Барселона веќе има устен договор со дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинес, кому исто така му истекува договорот на крајот од сезоната.

„Сè е договорено. Ињиго ќе се пресели во Барселона, но потписот ќе мора да почека поради финансискиот ферплеј. Сопругата на Мартинес веќе започна да бара дом во Барселона“.

Третата фудбалска ѕвезда која налето бесплатно треба да пристигне во Барселона е Илкај Гундоган од Манчестер сити. Според Ромеро, наводно фудбалерот е поласкан од интересот на Барселона, а посебно од тренерот Чави Ернандес, и тоа би требало да биде пресуден момент за Гундоган да се одлучи да се пресели во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести