Барселона направи трио од среќни 13-ки

Барселона рутински го победи Олмпијакос со 90:80 во последниот меч од 16. коло во Евролигата и им се приклучи на врвот на табелата на вечниот ривал Реал Мадрид и европскиот вицешампион Анадолу Ефес. Сите три екипи сега имаат по 13 победи и по три порази во мртвата трка за првото место во регуларниот дел од сезоната во елитното клупско натпреварување.

Никола Миротиќ повторно ја потврди класата и со 21 поен и 15 скока доминираше на паркетот. Кајл Курич постигна 18 поени, додека Адам Ханга го заврши мечот со 14 поени.

Кај Олимпијакос се истакна Вили Рид со 15 поени и Папаниколау и Везенков со по 14 поени. Олимпијакос е на 12. место со скор од 6 победи и 8 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести