Барселона не сопира: Договори фудбалер на Севилја за 70 милиони евра

Барселона е клубот кој има најмногу финансиски долгови, но тоа не го спречува да прави спектакуларни трансфер во овој преоден рок. На „Камп ноу“ дојдоа неколку квалитетни играчи како Роберт Левандовски, Рафиња и Кеси, а факт е дека тука не соприраат инвестициите на каталонскиот гигант.

Дресот на Барселона треба да го облече и Жулс Кунде од Севилја. Дефанзивецот кои одигра три одлични сезони во Севилја се согласил да се пресели на „Камп Ноу“, а за тоа Севилја ќе добие околу 70 милиони евра отштета.

Освен Барселона, за Кунде се интересираше и Челзи, но самиот фудбалер реши дека за него ќе биде подобро да остане во Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести