Барселона оди против традицијата и сака да спречи ново бразилско финале во Копа Либертадорес

Палмеирас е првиот финалист во овогодишното издание на Копа Либертадорес, додека неговиот опонент ќе го дознаеме вечерва по полноќ.

Во 02:30 часот се среќаваат екипите на Барселона од Еквадор и Фламенго од Бразил, а гостите имаат предност од 2:0 по првата средба.

Еквадорскиот тим ќе се обиде да ја надополни негативата и да направи сензација со цел да спречи ново бразилско финале во најквалитетното фудбалско натпреварување во Јужна Америка.

Сепак, традицијата не е на нивна страна бидејќи во трите досегашни средби против Фламенго имаат исто толку порази. Покрај веќеспоменатата средба, овие два тима одиграа двапати и во минатата сезона. Фламенго и во двата наврати испадна поуспешен (2:1, 3:0).

Домаќините нема да можат да сметаат на големата поддршка од своите навивачи поради ковид-рестрикциите.

Во минатата сезона, во финалето на Копа Либертадорес играа токму Палмеирас и Сантос, каде што на „Маракана“ се радувааше Палмеирас со победата од 1:0.

Најголемиот настан во Јужна Америка на фудбалски план оваа сезона ќе се одржи во Уругвај, на легендарниот стадион „Сентенарио“.

- Оглас -

Најнови вести