Барселона остана без две ѕвезди пред клучниот меч

Фудбалерите на Барселона синоќа одиграа 0:0 на гостувањето кај Атлетик Билбао, но главоболките за тренерот Чави Ернандес и за навивачите не престануваат бидејќи се повредија две ѕвезди.

Во 26-тата минута Френки де Јонг со помош на возило го напушти теренот и според првичните информации, станува збор за повреда за зглобот на ногата, поради која најмалку еден месец ќе биде надвор од терените.

 

Според весникот „Ас“, Де Јонг ја обновил повредата на десниот зглоб поради која веќе четири недели отсуствуваше.

Кон крајот на првото полувреме, иста судбина имаше и Педри, кој наводно има посериозна повреда. Првичните наоди се дека станува збор за повреда на десната натколеница, а за тоа како се чувствува младиот фудбалер, најдобро покажуваа снимките на социјалните мрежи, на кои се гледа како Педри плаче откако излезе од игра.

Повредите на Педри и Де Јонг се голем удар за Барселона пред реванш-натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Наполи, за којшто Чави сигурно нема да може да смета на овие двајца фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести