Барселона остана без својот бисер до март 2021

Повредата на левото колено со која се здоби Ансу Фати во победата над Бетис изминатиов викенд излезе дека е сериозна и денес мораше да биде опериран. Поради тоа, бисерот на Барселона ќе мора да паузира четири месеци, што значи дека на терените би се вратил во март идната година.

Неговото отсуство е голема загуба за тренерот Роналд Куман, со оглед на тоа дека 18-годишниот офанзивец сезонава е еден од најрасположените играчи во екипата. Неговиот учинок вкупно во 10 меча во сите натпреварувања го потврдува тоа, а Фати досега забележа пет погодоци и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести