Барселона постави нови рекорди во Лигата на шампионите

Како и што се очекуваше, Барселона без поголеми проблеми, убедливо со 5-1 го победи Олимпик Лион и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Ова е 12-та сезона по ред во која каталонскиот гигант е меѓу најдобрите осум екипи во Европа, што е рекордно постигнување во елитната лига на УЕФА.

Неверојатната константност на Барселона ѝ донесе уште еден рекорд. За првпат во истријата еден тим е без пораз на 30 меча во низа на свој терен. „Камп ноу“ едноставно е неосвојлива тврдина. Против Лион, Каталонците стигнаа до 27-мата победа, а имаат само три ремија.

Досегашниот рекорд беше во сопственост на Баерн Минхен, и тоа во периодот од март 1998 до април 2002 година. Кога се игра на „Камп ноу“, апсолутен владетел е Лионел Меси. Капитенот на Барселона има дадено 62 гола на последните 61 меч на свој терен во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести