Барселона потврди: Дембеле има нов клуб!

Осман Дембеле и официјално ќе биде нов фудбалер на ПСЖ откако ова го потврди и спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани.

Тој за шпанските медиуми рече: „Тој е на пат за Париз и е постигнат договор. Само треба да ги потпишеме сите документи.“

Барселона за трансферот на Дембеле треба да добие 50 милиони евра, но дел од овие пари се за фудбалерот. Според договорот, половината, односно 25 милиони евра треба да му припаднат на Дембеле, но според информациите од Шпанија, тој ќе земе само 10 милиони евра, а останатите се за Барселона.

Каталонците во 2017 година за Осман Дембеле ѝ платија 140 милиони евра на Борусија Дортмунд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести