Барселона сака да го доведе капитенот на Манчестер Сити, но тој има уште четири опции

Екипата на Барселона сака во своите редови да го донесе капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган. На турчинот договорот со “граѓаните“ му истекува на крајот од сезоната и засега нема намера да го продолжи.

“Каталонците“ од поодамна искажуваат интерес за Гундоган, но тој има уште неколку понуди. Интерес за турчинот има и од Арсенал и Милан, секако и од Саудиска Арабија, но и Манчестер Сити сака да го задржи. Сепак, со “граѓаните“ проблемот е околу должината на договорот.

Неговиот менаџер, воедно и вујко, Илхан Гундоган, ги демантира сите шпекулации и вели дека неговиот клиент е единствено сконцентриран на финалето на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести