14.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Барселона сака да го купи Хулијан Алварес, Атлетико Мадрид бара 200 милиони евра

Каталонскиот гигант Барселона подготвува трансферна „бомба“ за следното лето. Ханси Флик и раководството на Барса сакаат на „Камп ноу“ да ја доведат аргентинската ѕвезда Хулијан Алварес.

Атлетико Мадрид е отворен за разговори со Барселона околу можен трансфер на Алварес, но извори од Шпанија тврдат дека челниците на клубот би побарале околу 200 милиони евра за аргентинскиот напаѓач.

Алварес под водство на Диего Симеоне одигра 67 натпревари и во дресот на Атлетико Мадрид постигна 36 гола и забележа 11 асистенции, а неговата моментна форма го прави еден од најценетите напаѓачи во Европа.

- Оглас -

Најнови вести