Барселона се откажа од најголемата желба ова лето? Нико Вилијамс се појави на тренинг на Атлетик

Не беше никаква тајна дека најголемите желби на Барселона ова лето се Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и Дани Олмо од Лајпциг. Двајцата фудбалери блескаа во освојувањето на европската титула на Шпанија и токму во нив Барселона ја гледаше иднината.

Сепак, според последните информации од Шпанија, се чини дека нема да има ништо од ангажманот на Нико Вилијамс. Фудбалерот пет дена порано го прекинал одморот и започнал да тренира со Атлетик Билбао, а клубот од Баскија тоа го сподели со навивачите на социјалните мрежи.

Останува да се види што е причината за враќањето на 22-годишниот фудбалер од одмор, дали да се подготви подобри за настапите за Атлетик или пак да го реализира најавениот трансфер во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести