Многу важна е победата на Барселона во Мадрид против Реал од неколку аспекти. Прво, каталонскиот гигант ја зголеми предноста на шест бодови во однос на најголемиот ривал во трката за титулата, но и покажа дека има тим за висок дострел. За Реал ова е шокантен пораз, посебно ако се знае дека Кралскиот клуб имаше заборавено кога последен пат загубил во шпанското првенство.
За Кралевите ова е прв пораз по 42 меча во кои имаше 31 победа и 11 нерешени. Ако успееше Реал вечерва да не загуби од Барселона, ќе го израмнеше рекордот на каталонскиот гигант кој има 43 средби без пораз во домашниот шампионат.
Барселона во период од април 2017 до мај 2018 година имаше 34 натпревари без пораз (34 победи и девет нерешени). Тој рекорд на Барселона ќе остане во сопственост на каталонците, откако сами решија да ја прекинат низата на Реал.
42 – Real Madrid are on a current run of 42 consecutive matches without defeat in @LaLigaEN (W31 D11) and can equal the best unbeaten run by a team in the history of the competition, precisely achieved by FC Barcelona between April 2017 and May 2018 (G43 W34 D9).
Challenge. pic.twitter.com/WCEICVlupa
— OptaJose (@OptaJose) October 26, 2024