Барселона со прва официјална понуда, Интер веднаш имаше подготвено одговор

Шпанскиот првак Барселона започна во мисијата за доведување на Лаутаро Мартинес од Интер. Веќе неколку месеци се шпекулираше за интересот на каталонскиот гигант за аргентинскиот интернационалец, а сега стигна и првата офцијална понуда.

Барселона ги понуди Нелсон Семедо, Артуро Видал плус 70 милиони евра за да го добие потписот на Лаутаро Мартинес. Од Интер не чекаа многу и ја одбија оваа понуда на Каталонците. Видал и Семедо се играчи кои во моментов не се на листата на желби на тренерот Антонио Конте, па затоа и нема интерес за прифаќање на оваа понуда.

Првиот обид на Барселона беше неуспешен, но останува нова рунда на преговори. Од Интер најавија дека ќе се обидат да добијат 111 милиони евра за да се откажат од голгетерот.

Идејата на Барселона е да го доведе Мартинес како замена за Луис Суарес. Аргентинецот би добил договор да остане на „Камп ноу“ до 2025 година, а годишно би заработувал 10 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести