Барселона со сила го брка Френки Де Јонг, тој не сака да си оди

Барселона ја прифатила понудата на Манчестер јунајтед за Френки Де Јонг, но трансферот е далеку од реализација.

Холандскиот плејмејкер не сака да си оди од Барса, и не сака да оди во Премиерлигата, дури ни во тим чиј тренер е неговиот некогашен шеф од Ајакс, Ерик Тен Хаг. Но, случајот е покомпликуван отколку што изгледа на прв поглед.

Барселона е принудена да го продаде Де Јонг за да може да ги регистрира новите засилувања, за да го испочитува финансискиот ферплеј. Каталонците му понудиле помала плата на Де Јонг ако остане, но тој и тоа не го прифаќа.

Во некои каталонски медиуми се пишува дури и дека како начин на притисок да прифати да оди во Јунајтед, на Де Јонг нема да му дозволат да се качи во авионот со кој Барса ќе отпатува на подготовки и пријателски средби во САД.

- Оглас -

Најнови вести