Барселона тргнува по потписот на ексиграч на Реал Мадрид

Барселона наводно ќе тргне по потписот на Тео Ернандес, левиот бек на Милан, откако ќе се отвори летниот преоден рок. Ексиграчот на Реал Мадрид се покажа во добро светло оваа сезона со настапите за Росонерите, па токму тој би можело да биде решение за проблем кој веќе долго време Барса не може да го реши.

Потребно е да се најде замена за подолг период за веќе искусниот Жорди Алба, а Тео може да биде идеален ако се знае дека поседува доста офанзивни квалитети за лев бек. Милан минатото лето го купи „само“ за 20 милиони евра, а моменталната вредност на пазарот му е двојно повеќе, но сигурно Барса ќе мора да плати и повеќе од 40 милиони евра за да го доведе Ернандес во своите редови.

За францускиот интернационалец се интересира и Јувентус, но шпанскиот првак може да го примами со тоа што ќе настапува во најквалитетната фудбалска лига во светот. Инаку Ернандес пред Реал и Милан беше во редовите на Атлетико Мадрид заедно со неговиот брат Лукас Ернандес, кој моментално е член на Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести