9.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Барселона во проблеми пред гостувањето кај Њукасл: Јамал не може да игра

Каталонскиот гигант Барселона нема да може да смета на Јамин Ламал за утрешниот меч на гости кај Њукасл во рамките од првото коло во Лигата на шампионите. Ламал уште се жали на повреда на препоните, и тоа заработена додека беше на репрезентативна задача во дресот на шпанската репрезентација.

Младиот 18-годишен Јамал се врати повреден по репрезентативните обврски и не играше за Барселона на дуелот против Валенсија. И без Јамал, Барселона победи убедливо со 6:0, но сепак дуелот против Њукасл, и тоа на гости, сигурно ќе биде многу поголем предизвик.

Освен Јамал, тренерот на Барселона, Ханси Флик, нема да може да смета ниту на Балде и ниту на Габи, но затоа во составот ќе биде Френки де Јонг.

Барселона минатата сезона испадна во полуфиналето на Лигата на шампионите, а Њукасл воопшто не беше дел од елитното натпреварување во претходната година.

 

- Оглас -

Најнови вести