Барселона за да го ангажира Бернардо Силва, мора да исполни еден услов

Бернардо Силва за свој нареден клуб ја избра Барселона, но управата за да го реализира трансферот во летниот преоден рок, ќе мора да исполни еден услов.

Новинарот на радиото Кадена Сер, Феран Кореас, објави дека Португалецот по секоја цена сака да се пресели во Барселона и поради тоа воопшто не ги погледнал богатите понуди од екипите од Саудиска Арабија, како и таа на ПСЖ.

За да му се исполни желбата на Силва, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ќе мора да го продаде Френки де Јонг. Каталонскиот тим има проблеми со финансискиот фер-плеј и мора прво да продаде некоја од ѕвездите, за да може да го реализира овој трансфер.

Најголем интерес за ангажирање на Де Јонг пројавува Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести