Барслеона подобра и во женското “Ел-Класико“ (Видео)

Фудбалерките на Барселона, слично како и фудбалерите, го совладаа Реал Мадрид со 1-0 во првенствен натпревар од женската лига на Шпанија. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Фридолина Ролфо во 77 минута од пенал.

Барселона никогаш во историјата нема изгубено ниту бод од Реал Мадрид во првенствените натпревари и ова беше 11-та победа на исто толку женски “ел класико“ натпревари.

“Каталонките“ се на водечката позиција на табелата со максимални 69 поени од 23 натпревари со гол-разлика 99-5, додека Реал Мадрид е веднаш позади нив со 13 поени помалку.

- Оглас -

Најнови вести