Барти го освои турнирот во Мајами, финалето не се доигра

Најдобрата тенисерка во моментов, Ешли Барти се радуваше на титулата на Мастерс турнирот во Мајами. Австралијанката во финалето за противник ја имаше младата Бјанка Ванеса Андреаску од Канада, а мечот не го дочека својот крај.

Барти го доби првиот сет со 6:3, а во вториот направи два брејка и стигна до 4:0. Во тој момент Андреаску побара и втор медицински тајм-аут, а потоа одлучи дека нема сили да се врати и да го доигра финалето, поради повреда на зглобот на ногата.

 

- Оглас -

Најнови вести