Бартомеу демантира дека стои зад новиот скандал: Не сум јас!

Фудбалската јавност се изненади откако се разоткрија цифрите кои Лионел Меси ги заработи во Барселона според последниот договор, кој беше потпишан во 2017 година.

Меси ја олесни Барса за 555 милиони евра, а поради хаосот со обелоденетиот документ, се подготвува судска постапка против медиумот кој ја објави ексклузивната вест.

Веднаш се појавија шпекулации дека Жозе Бартомеу, поранешниот клупски претседател, стои зад скандалот, односно тој бил вмешан во разоткривањето на договорот, но веднаш стигна демант.

„Не сум јас. Ова е многу сериозна и воедно нелегална работа. Сите кои се вмешани на крајот ќе завршат на суд“, посочи Бартомеу за шпанските медиуми.

Инаку, постојат само четири копии од договорот на Меси, кој е составен во 30 страници. Една копија му припаѓа на капитенот на Барселона, една е за клубот, една е за раководството на Ла Лига и последната е за адвокатскиот тим кој го средуваше договорот.

- Оглас -

Најнови вести