Најбогатиот договор во историјата: Меси ја „олесни“ Барса за ПОЛОВИНА милијарда евра!

Шпанскиот таблоид „Ел Мундо“ со бомбастичната насловна страна откри колку Лионел Меси инкасира според последниот договор кој го потпиша со Барселона во 2017 година.

Капитенот на шпанскиот вицепрвак го олесни клубот за 555.237.619 милиони евра, односно заработува фиксна плата од 138 милиони евра по сезона, плус бонуси. При потпис на договорот пред четири години, на сметка Меси „легнаа“ 115 милиони евра, односно речиси 78 милиони евра како бонус за лојалност.

Неверојатните суми го прават најбогатиот договор во историјатана фудбалот, можеби и воопшто во спортот, а досега на Меси му се исплатени над 511 милиони евра, останатиот дел ќе го добие до крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести