Хаос во Барселона: клубот ќе тужи, а Меси е во шок и наскоро ќе објави дека си заминува!?

Барселона објави соопштение преку кое најави тужба против весникот „Ел Мундо депортиво“ за неовластено објавување на интерен документ, со кој беше откриено дека од 2017 до 2021 година, Лионел Меси како плати од клубот заработил 555 милиони евра. Ова е брутално нарушување на приватноста на Меси и негово дискредитирање, а шпекулациите се дека зад оваа афера стои поранешниот претседател Жосеп Бартомеу.

Од Шпанија доаѓаат информации и дека и адвокатите на Меси ќе тужат неколку лица. Во договорот на Меси со Бареса имало клаузула за доверливост, па затоа фудбалерот е шокиран од излегување на виделина на висината на неговата плата и милионските бонуси кои ги зема и ќе ги зема до крајот на сезонава.

Никој не вели дека објавениот документ кој има 30 страници е фалсификат и лажен, што значи дека Меси навистина зема речиси 140 милиони по сезона (точно 264 евра на минута), туку сите се жалат зошто документот е објавен јавно, и за тоа некој треба да одговара кривично. Од Барса му изразија поддршка на Лео, но ова дискредитирање на неговото име веројатно ќе му нанесе голема штета на клубот кој очајнички се обидува да го задри Аргентинецот.

На 7 март во Барселона ќе има избори за нов претседател на клубот, но сега се шпекулира дека Меси многу наскоро, ќе објави каде ќе игра во следната сезона. Меси и неговото семејство биле навредени и разочарани од објавата во „Ел Мундо депортиво“, и наводно ова ја прелило чашата, па тој ќе каже дека дефинитивно си заминува на 1 јули, иако новиот претседател нема да има вина што се случи ова „предавство“ со објавување на неговите финансиски приходи од договорот со каталонците.

- Оглас -

Најнови вести