Бартомеу нема дилеми: Меси ќе ја заврши кариерата во Барселона

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу нема дилеми дека Лионел Меси ќе ја заврши играчката кариера во Барселона, а и потоа очекува иконата на клубот да остане во фудбалското семејство на Каталонците.

„Очекувам и во следните 2-3 сезони лидер на нашиот тим да биде Лео Меси. Секако дека секоја приказна има свој крај, па мораме да се подготвуваме за пост-ера без него во тимот. Договорот му истекува во 2021 година, но верувам дека ќе се договориме и дека Лео ќе ја заврши кариерата кај нас. Очекувам дека и потоа ќе биде лојален на клубот во кој е од 2001 година. Секогаш велам дека Меси е како Пеле, верен само на еден клуб“, изјави Бартомеу во интервју за Асошиејтед прес.

Меси пристигна на „Камп Ноу“ во 2001 година од редовите на аргентинскиот Њуелс Олд Бојс, како 14-годишно момче и стана еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Со Барселона 32-годишниот офанзивец освои вкупно 34 трофеи, а на 697 натпревари има постигнато 609 гола, што е клупски рекорд на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во еден од најдобрите клубови на планетата.

- Оглас -

Најнови вести