Баш е среќна тринаесетката во Вевчани – Харден во последна секунда донесе добивка од 183 илјади денари

Дека покрај многу знаење, во обложувањето треба да се има и многу среќа потврдува добитниот тикет на мајстор за кошарка од Вевчани, со играчи во НБА-лигата, и тоа точно 13 на број.

Добивка за мајсторски одиграните тикети е околу 183 илјади денари, или 3.000 евра. А, за да биде среќна 13-ка, најмногу се погрижи Џејмс Харден со мирна рака на една секунда до крајот на мечот меѓу Атланта хоукс и Хјустон рокитс.

Брадата беше фаулиран откако топката по неуспешниот обид на Атланта се одби токму до него. Харден во тој момент имаше постигнато 39 поени, а во Вевчани се чекаше барем уште еден поен за добивка.

Бекот на Хјустон сигурно ги погоди двете слободни фрлања и донесе многу радост во нашето познато место, каде што наскоро се очекува светски познатиот вевчански карневал. Можеби ќе видиме и маска на Џејмс Харден-Брадата во чест на добивката на среќниот вевчанец.

 

 

- Оглас -

Најнови вести