Баскија е на нозе: Вака се слави кога ќе се освои трофеј по 40 години (Видео)

Главниот град на Баскија, Билбао, вчера ги пречека своите херои, кои на градот му донесоа трофеј по 40 години. Работниците порано беа пуштени од работа, а училиштата беа затворени, па на улиците на Билбао имаше над еден милион луѓе кои ги пречекаа победниците на Купот на Шпанија.

Овој успех е уште поголем бидејќи за Атлетик може да играат само Баскијци, па иако имаат ограничен број играчи, сепак успеаја да дојдат до голем успех, но и секогаш да бидат во горниот дел од табелата во шпанскиот фудбал.

https://twitter.com/MenInBlazers/status/1778490983933513813?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1778490983933513813%7Ctwgr%5Ef5900e32a59439144da2d30cdcd8e177cebbf690%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fbilbao-osvojio-trofej-nakon-40-godina-na-docek-je-doslo-vise-od-milijun-ljudi%2F2555797.aspx

На прославата беше и фудбалерот на Барселона, Ињиго Мартинес, кој токму од Атлетик се пресели во Каталонија, инаку роден Баскиец. Тој управуваше со неговиот брод во парадата по реката Нервион. Фудбалерот доби дозвола од Чави Ернандес да отпатува во Билбао и да го прослави големиот успех на Атлетик.

За клубот од Баскија ова беше најголемиот успех од 1984 година до денес, кога ја освои двојната круна во Шпанија, што воедно за него е и последната од осумте титули шампион на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести