БАТЕ треба да покаже дека е „поголемиот брат“

3533 БАТЕ Борисов – Енергетик БГУ (17.00 часот)

Ова е дуел на двете моментно најдобри екипи во Белорусија, а тоа го покажува и табелата. БАТЕ е прв, со еден бод повеќе од Енергетик. Тимот од Борисов има само еден пораз сезонава, но во последните пет кола, победија само двапати, за разлика од Енергетик кој е најефикасен тим во лигата и освои 13 бода од можни 15 во последните пет рунди. БАТЕ има примено само пет гола на 12 меча, па ова е дуел и на најдобриот напад против најцврстата одбрана. Енергетик ги доби сите досегашни гостувања сезонава, а никогаш не било нерешено во дуелите на овие тимови кога БАТЕ бил домаќин.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.09)

 

2610 Хакен – Елфсборг (17.30 часот)

Елфсборг е во добра форма, освои седум бода во  последните три кола, но Хакен е лидер на табелата и тоа со два меча помалку од АИК Стокхолм кој е втор, и со кого има ист број бодови.  Хакен е тим кој често прима голови, има серија од осум лигашки средби едноподруго со голови на двете страни. Веруваме дека серијата ќе продолжи. Хакен уште од септември минатата година нема одиграно нерешено на свој терен.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.76)

 

4206 Унион Санта Фе – Ланус (18.00 часот)

После пет одиграни натпревари во аргентинската лига, Санта Фе и Ланус не тргнаа добро, и се наоѓаат на 19-то односно 20-то место на табелата на која има 28 тима. Унион Санта Фе е тим кој има двојно повеќе дадени, но и двојно повеќе примени голови од Ланус. Ланус многу ретко победува на гостински терен. Последните шест меѓусебни дуели на овие тимови во Санта Фе завршуваа со 2-5 гола.

Предлог тип: Т1 2+ (2.06)

 

2508 Викинг – Розенборг (20.00 часот)

Викинзите имаат несфатливо лоша серија од три порази по ред, пред тоа имаа две нерешени, па сега имаат шест бода помалку од лидерот Лилестрем, кој има и еден меч помалку од Викинг. Розенборг има четири бода помалку од Викинг, но и два меча помалку. Розенборг доби два од последните три меча. Последните седум меѓусебни дуели на овие екипи беа со 3+ голови, Розенборг од 2017 не славел во Ставангер.

Предлог тип: & 3+ (2.12)

 

4247 Атлетико Гојаненсе – Сао Пауло (21.45 часот)

Кај овој пар, најреален исход е нерешено. Станува збор за два непредвидливи тимови кои играат во променлива форма. Сао Пауло има дури седум ремија во 14 кола, но само едно во последните пет кола, а Атлетико ГО сезонава има пет нерешени игри во 14 средби. Сао Пауло има проблеми со повредени играчи, веројатно затоа и освои само еден бод во последните три кола. Традицијата на меѓусебните пресметки, најавува дека ќе има голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.20)

- Оглас -

Најнови вести