Батистута: Ако отидев во Реал, немаше да биде интересно, ќе дадев над 200 гола

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Аргентинецот Габриел Батистута, на интересен начин објасни зошто не сакал да премине во некој европски гигант, туку кога беше во врвот на формата пред околу две и пол децении, остана во Фиорентина. Популарниот Батигол имал понуди од Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Милан и од други големи клубови, но не сакал да биде ѕвезда.

„Никогаш во животот не сум сакал да бидам фудбалер-ѕвезда. Не уживав во тоа. Кога си ѕвезда, мора да преземеш дополнителен товар, а јас не го сакав тоа. Точно е дека ме бараа големи клубови, но повеќе го сакав мирот кој го имав во Фиорентина. На пример, ако отидев во Мадрид, таму би постигнал повеќе од 200 голови и тоа ќе беше ужасно здодевно“, изјави Батистута.

Батистута никогаш не освои голем трофеј со клубот од Фиренца, но себеси се смета за победник бидејќи ѝ помогнал на Фиорентина да биде рамноправна со големите и богати клубови.

Во родната земја, тој има играно и за Ривер и за Бока, а во Фиорентина остана девет сезони и само двапати немаше над 20 гола по сезона. Подоцна премина во во Рома и освои титула во италијанската лига, а кариерата ја заврши во 2005 година во Катар.

- Оглас -

Најнови вести