Батистута се оперираше и сега повторно нормално ќе може да живее

Еден од најдобрите голгетери во неговото време, Габриел Батистута конечно имаше операција на нозете и сега се надева дека ќе може нормално да живее. Аргентинецот ја заврши кариерата во 2005 година, а само два дена подоцна почна да се случува нешто чудно.

Наместо да ужива во пензијата, Батистута се пожали дека му откажуваат нозете. Почнале болки кои биле толку силни, па Батистута воопшто не можел да стане од кревет, дури ни до тоалетот. Поради болките на нозете, Батистута пред неколку години дури изјави дека ги молел лекарите да му ги ампутираа нозете бидејќи болките биле неподносливи.

По повеќе години трпење на болките, Батистута беше опериран и сите се надеваат дека со тоа конечно ќе се стави крај на болките. На зглобот на ногата му е вградено помагало кое треба да ги реши маките на популарниот Бати-гол.

„Благодарение на докторот Хинтерман и на неговиот тим, заврши операцијата која ми дава надеж дека ќе можам повторно нормално да живеам. Сега доаѓа времето за рехабилитација и кога ќе помине тоа, полека ќе се вратам во нормала. Ви благодарам на сите за поддршката“, порача Батистута преку социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести