Батлер го предизвикуваше Јокиќ да се тепаат: „Дојди надвор од сала“ (Видео)

Никола Јокиќ повторно е во фокусот на НБА, но овојпат не по неговите фантастични игри, туку поради еден непромислен потег. На дуелот против Мајами, Србинот буквално го „патосира“ противничкиот играч Маркис Морис. Инцидентот се случи пред крајот на средбата, која беше решена затоа што Денвер имаше 17 поени предност.

Јокиќ тргна во напад кога Морис неспортски го турна, а Србинот потоа збесна и буквално го разнесе противникот. Двајцата кошаркари добија исклучување. Инцидентот може да го видите ТУКА.

Морис остана да лежи на паркетот, па мораше да реагираат и лекарите. Додека Јокиќ мирно седеше покрај аут-линијата, Џими Батлер збесна и сакаше да се тепа со Србинот. Батлер гласно го викаше Јокиќ да излезат надвор од салата и да се пресметаат. Јокиќ мирно седеше и не потпадна на провокациите на Батлер.

Србинот освен што беше главен во инцидентот, тој беше главен и на теренот до случувањето на инцидентот. Јокиќ беше предводник на Денвер во победата со трипл-дабл од 23 поени, 15 скока и 10 асистенции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести