„Булдужерот“ Јокиќ се изнервира и направи невидена глупост, по која беше исклучен (ВИДЕО)

Никола Јокиќ направи невидена глупост, по која доби исклучување на натпреварот меѓу Денвер нагетс и Мајами хит.

Српскиот кошаркар во завршницата од натпреварот сакаше да дели своја правда откако доби фаул по жестокиот старт на Маркиф Морис, по што тргна како булдужер и го сруши противникот.

Сосема очекувано, Јокиќ доби исклучување, а сега ја чека и суспензијата од НБА, која според американските медиуми, ќе биде од неколку натпревари.

Денвер го доби овој меч со 113:96, а Јокиќ имаше трипл-дабл од 23 коша, 10 асистенции и 15 скокови.

 

- Оглас -

Најнови вести