Кошаркарската репрезентација на Франција која се сметаше за еден од фаворите за освојување на медал на Светското првенство кое се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини, по поразот од Летонија, испадна од битката за највисок пласман.
Тоа беше втор пораз во групната фаза за Французите, а ѕвездата на Триколорите, Николас Батум, ги обвини челниците на Француската федерација за неуспехот бидејќи не му дозволија на Томас Ертел да игра репрезентацијата. Причина за таквата одлука е што Ертел игра во рускиот шампионат.
„Ова е големо разочарување, тоа е сигурно. Сите мора да се запрашаат по ова што се случи, и тренерите и играчите и Федерацијата. Да се откажуваме од одредени играчи, да губиме играчи поради одредени услови. Ми останува уште една година во репрезентацијата и потребни ни се сите за ЛОИ во Париз идната година. Потребно ни е да ги имаме најдобрите услови и играчи. Гајле ми е за политиката, ни требаат најдобрите играчи за ЛОИ“, изјави Батум.