11.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Мато ја испрати првата порака од Шкотска

Роџерс Мато веќе е промовиран во дресот на Хартс, клубот каде што треба да остане во следните три и пол сезони. Според договорот, Мато до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч во Хартс од Вардар, а потоа ќе започне да тече тригодишниот договор.

Во својата прва реакција Мато истакна дека му се остварил сонот.

„Големо е задоволството што сум тука во Хартс. Мислам дека ова е остварување на мојот сон, да бидам тука. Навистина сум среќен што конечно сум тука“, беше пораката испратена од Мато.

Мато ќе го носи дресот со бројот 74.

- Оглас -

Најнови вести